Врховниот суд на Шпанија ја потврди пресудата за Лионел Меси со казна затвор во траење од 21 месец, објавија денеска тамошните медиуми.
Ѕвездата на Барселона казната ја доби поради затајување данок од 4,1 милиони евра во 2007, 2008 и 2009 година.
– Таа работа им ја препуштив на татко ми и на адвокатите и не верувам дека ме излажале, не можам ниту да помислам на такво нешто, изјави Меси.
Тој ќе мора да плати и 532 илјади евра.
Меси доби по седум месеци затвор за секоја од трите години кога не пријавувал данок, а затворска казна од 15 месеци за истото дело доби и неговиот татко.
Шпанските закони дозволуваат пресудите помоли од две години да можат да се отслужат условно, без одење во затвор, па се очекува Меси и неговиот родител да останат на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“