| четврток, 6 декември 2018 |

Го возел пред камерите: Иранец направил автомобил кој вози на вода (Видео)

Иранецот Аледин Касеми тврди дека конструирал мотор кој се напојува со вода. Автомобилот во кој наместо гориво се сипува обична вода од чешма, според неговите тврдења, може да помине 900 километри само со 60 литри вода.

Моќта се генерира така што водородот и кислородот прават хемиска реакција која произведува енергија, во процес кој Касеми не сака комплетно да го открие.

Како што наведува иранскиот пронаоѓач, моторот единствено произведува водена пареа, па со тој начин на возење воопшто не се загадува воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top