| четврток, 6 декември 2018 |

Саат кулата во Дојран ќе се реставрира

Делегација од општина Дојран, предводена од градоначалникот Борче Стамов, во која беа и претседателот на Советот, Ташко Дуљанов и советникот Ердал Идризов, на 3 и 4 јуни престојуваа во дводневна посета на збратимената општина од Истанбул, на покана на градоначалникот на општина Чекмекој, Ахмет Појраз

dojran

На средбата, двајцата градоначалници разговараа за досегашната културна соработка помеѓу двете општини и взаемно договорија таа да се прошири и продлабочи и во останатите сектори. Покрај ова, во знак на доброто пријателство, општина Чекмекој прифати да ја финансира реставрацијата на старата Саат кула и изградба на мини плоштад околу неа, како и реставрација на старата османлиска чешма во Дојран во текот на наредната година, по завршувањето на неопходните подготовки.

Во рамките на посетата, Стамов оставри средби со повеќе стопанственици од Истанбул, во организација на замениците-градоначалници од Чекмекој, на кои беа презентирани можностите за инвестирање во Дојран и договорија посета на Дојран на поголема делегација на претставници од општината и бизнис-секторот кон крајот на август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top