| четврток, 6 декември 2018 |

Античкиот театар во Скупи нема да се надградува, туку само реставрира и конзервира

Античкиот театар во Скупи во следните два и пол месеци ќе ја добие потребната реставрација и конзервација. Работите почнуваат следната недела и со нив се очекува да бидат исправени одредени неправилности во реконструкцијата на театарот, констатирани во претходните години.

Управата за заштита на културното наследство на археолошкиот локалитет ги презентираше досегашните реализирани работи на античкиот театар и планираните идни активности.

Со направениот анекс на договорот со кој ќе се реставрира античкиот театар, според надлежните, ќе се заштедат и поголеми средства во буџетот, а археолозите дошле и до нови откритија

Конзерваторско-реставраторските работи на гледалиштето на античкиот театар на Скупи почнаа во август 2016-тата, а прекинаа следната година, поради одредени законски пречки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top