Македонската тенисерка Лина Ѓорческа немаше среќа на стартот од квалификациите на гранслем турнирот Ролан Гарос, што се одржува во Париз. Иако имаше добар настап и одлични игри во трите сета загуби од Квирин Лемоан од Холандија, која се наоѓа на 160.место на ВТА – листата.
Лина Ѓорческа одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6-3 во гемови. Добро се држеше и на стартот од вториот, а се играше израмнето до 3-3. Но, потоа попушти концентрацијата на македонската тенисерка, а Лемоан тоа знаеше да го искористи и освои три гема по ред, комплетирајќи го сетот со 3-6.
Идентично беше и во третиот решавачки сет. Лемоан поведе со 2-0, но потоа Лина Ѓорческа освои три гема последователно. Сепак, Холанѓанката имаше повеќе сили, и оттогаш тргна во победничка серија, за да го добие сетот со 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.