| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд повторно се мачеше на домашен терен, но со пресврт стигна до чекор од големото финале (видео)

boston

Кошаркарите на Кливленд славеа на домашен паркет против Бостон со 112-99 во четвртиот меч од финалната серија во Источната конференција, по што сега водат со 3-1 за само еден чекор од големото финале!

Бостон и овој меч го одигра без својата најголема ѕвезда Ајзеа Томас, но пружија повеќе од силен отпор на актуелниот шампион. Гостите одиграа речиси соврешено прво полувреме, доајќи до предност од 19-29 уште во првата четвртина. Во вториот период се играше израмнета кошарка, но Бостон, сепак, замина со десет поени предност на полувремето (47-57).

Сепак, третиот период го одреди победникот на натпреварот кога проработи Кајри Ирвинг кој успеа да донесе пресврт за својот тим. Конечниот пад на гостите беше во последната четвртина, за да на крајот Кливленд слави со 13 поени разлика.

Најдобар поединец на мечот беше Кајри Ирвинг со 42 поени, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 34 поени. Кај Бостон Евери Бредли запиша 19 поени, а Краудер – 18 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top