„Комо“ на Срѓан Валјаревиќ, кој е еден од најбележитите српски романи во првата деценија, од неодамна „Македонска реч“ го објави на македонски јазик. За романот авторот доби неколку награди, меѓу кои и наградата во Франција Prix des lecteurs du Var за 2011 година. „Комо“ е објавен во девет изданија на српски јазик и е преведен на неколку јазици – француски, германски, англиски, италијански, словенечки, бугарски, албански, шпански и шведски.
Оценет е како остар и ироничен, непосреден и интересен роман. Приказната е интересна, прилично автобиографска, и се однесува за писател кој добива книжевна стипендија и престој во „Вила Маранезе“ на монденското езеро Комо во Италија. Тоа е приказна со реминисценции на авторот, но и приказна за крајот на 20 век; за прогонствата, изгубените генерации, желбите можностите, пороците, судбините…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018