| четврток, 6 декември 2018 |

Театар Комедија на фестивали во Сараево и во Бања Лука

Театар Комедија учествуваше на два интернационални фестивали во Босна и Херцеговина со две претстави од својот репертоар, “Име“ од Александар Дела Пателиер и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре и “Трудна Приказна“ од Благица Секулоска во режија на Лидија Дедовиќ .

На регионалниот фестивал на комедијата  во Сараево „Насмевка на Сараево“ кој беше за прв пат организиран од 12 до 20 мај, Театар Комедија освои две награди,  награда за најдобра претстава за претставата “Име“, како и награда за најдобра машка улога за Атанас Атанасовски во претставата “Име“. Овој фестивал имаше силна конкуренција со најголемите театри на Балканот како Театарот Керемпух од Загреб, Ателје 212 од Белград, Црногорскиот национален театар, Хрватскиот национален театар од Осијек, Народниот театар од Мостар итн. Со овие награди се потврдува квалитетот на Театар Комедија и со тоа Театар Комедија се поставува на регионалното театарско небо како важен сегмент од театарското живеење во жанрот на комедијата.

Освен на фестивалот во Сараево, Театар Комедија се претстави и на интернационалниот фестивал Петар Кочиќ во Бања Лука кој се одржува по 20ти пат  со претставата “Трудна приказна“ и наиде на одлични реакции од публиката. Овој фестивал почна на 17 мај и трае до 24 мај и е од натпреварувачки карактер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top