Терористичката организација „Исламска држава (ИС)“ презема одговорност за нападот во Манчестер арена, во кој настрадаа 22 лица, пренесува агенцијата ТАСС. Според порталот Акбар Ирак Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавиле видеоснимка во која преземале одговорност за нападот.
Четири часа пред нападот во Манчестер, пак, на еден профил на социјалната мрежа Твитер биле објавени два твита со кои се упатува закана кон Арената во Манчестер, а покрај заканите, во твитовите била објавена и слика со знамето на ИС.
Твитер потоа блокира многу профили кои упатија пофалби за нападите, но нивниот број и натаму е голем. Многу од нив упатија повици до „осамените волци“ да вршат напади во земјите од Западот.
Дел од твитовите велат дека експлозијата во Манчестер била одмазда за нападите над децата во Мосул и Ал-Рака. Британските безбедносни служби го третираат случајот како терористички акт и веруваат дека бомбашот исто така загинал во нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет