Три општини од Источниот плански регион добија финансиска поддршка за три проекти од Програмата за рамномерен регионален развој кои се однесуваат на комунална инфраструктура и туристичка презентација на локалитети.
– Центарот за развој на Источниот плански регион аплицираше со четири проекти, но проектот за реконструкција на целосно руинирана куќа со стара архитектура во штипско Ново село не е одобрен зашто не ја помина административната контрола на Бирото за регионален развој. Средствата планирани за овој проект се пренасочени во Виница, за регулација на коритото на Виничка река, истакнуваат од Истичниот плански регион.
Вториот проект се однесува на изградба на регионален етно парк во Општина Зрновци, а третиот на изградба на спомен парк и поставување споменобележје кај месноста Свиланово, село Рајчани Кочанско, каде што загинал Никола Карев.
Актуелната состојба со надлежностите на градоначалниците не е пречка за реализација на овие проекти. Тендерските постапки за сите три проекти ќе финишираат до крајот на мај, а рокот за целосна нивна реализација е 15 ноември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пороен дожд во Виница, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар
-
Хорор во Виница: Малолетничка силувана на градскиот стадион
-
Огромна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ: Виница на нозе за промоцијата на Мартин Павлов (Фото)
-
Груевски: Направено е многу за Виница во изминативе 4 години,а она што радува е изградената индустриска зона во близина!