На денешната прес-конференција на претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села, одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека не го интересира што и кому потпишува Зоран Заев, меѓу редови изјавувајќи и дека не го признава претседателот Ѓорѓе Иванов, обраќајќи му се со „некојси претседател“. За Села откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.
Еден од новинарите го запраша Села: „Како го толкувате давањето на мандатот на Заев од страна на Иванов, и гарацијата којашто ја даде Заев на претседателот Иванов?“
Села на тоа одговори:
–Јас не сум му претседател, колку што знам, на господинот Зоран Заев, јас сум претседател на Движењето за реформи – Демократска партија на Албанците. Ние никаква гаранција не сме потпишале што барал некојси претседател. И нема никогаш да потпишуваме гаранции кои некој ги барал.
Зборувајќи за тиранската платформа Села додава:
–Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ќе инсистирам на платформата.
Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.
–Едно нешто е сигурно, јас кажав и ке повторам,без разлика дали ке бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ке имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)