| четврток, 6 декември 2018 |

Британец виси од 80 метри за да живее (видео)

britanecКачувањето без заштита на облакодери, дигалки и мостови стана омилена забава на руските тинејџери. Но руското лудило очигледно се прошири и во Велика Британија.

Храбриот качувач Џејмс Кингстон одлули да даде свој допринос на осумдесет метри висина, држејќи се за кран над пристаништето на Океанот.

Раскажува дека му биле потребни 20 минути за да се качи, но немал намера и да изведува акробации. Сакал само да го сними изгревот на сонцето.

– Животот е прекраток за да се грижиме за иднината. Нема време за губење. Не се качив за да загинам, туку за да живеам – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top