Не е тајна дека папата Франциск е голем обожавател на фудбалот и веќе одамна откри дека негов омилен клуб е аргенстинскиот прволигаш Сан Лоренцо. Тој вчера бил во посета на еден италијански спортски центар каде што открил дека во младоста и покрај желбата да игра фудбал, не се покажал особено во спортот, па од своите врсници бил нарекуван „тешка нога“.
Како што пренесува АП, едно младо момче го прашало папата дали порано играл фудбал, на што добило искрен одговор од Франциск, кој освен прекарот, открил и дека најчесто кога играл со врсниците, натпреварите ги завршувал пред голот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“