| четврток, 6 декември 2018 |

Белград гори, Партизан е нов шампион на Србија (видео)

partizan

Пред околу 27.000 навивачи на својот стадион во Белград, Партизан ја прослави 27-та шампионска титула со која повторно се израмни со својот најголем ривал, Црвена Звезда.

Во последното коло од шампионатот на Србија, како и што можеше да се очекува Партизан лесно со 4-0 славеше против Младост Лучани со што ја зачува предноста од три бода пред Црвена Звезда на првенствената табела, закитувајќи се со новата шампионска титула.

partizan

Леонардо уште во 18. минута ја најави победата, а Јевтовиќ стрелаше во 37. минута за 2-0. Во второто полувреме, Леонардо повторно погоди во 65. минута, Јанковиќ стрелаше за 4-0 во 70. минута, а Косовиќ во 81. минута ги постави конечните 5-0.

Црвена Звезда која ја предводи поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски славеше, пред само 5.000 свои навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“, со 4-0 против Раднички Ниш. Но, тоа недоволно за да дојде до трофејот.

За двата тима за сезонава останува уште пресметката и во финалето од Купот на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top