Челси ја оствари 30.победа во Премиер лигата и на најдобар можен начин, со нов рекорд, ја прослави шампионската титула. Тимот на Антонио Конте го совлада Сандерленд со 5-1. Гостите први поведоа со голот на Манкилјо, но брзо израмни Вилијан, а во вториот дел Азар, Педро и Батшуаи со два гола донесоа триумф. Капитенот Џон Тери беше во стартниот тим, како збогување од „Стемфорд бриџ“.
Манчестер сити со 0-5 славеше на гости против Ватфорд и го освои третото место, кое води директно во ЛШ. Компани го отвори резултатот, Агуеро потоа постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Фернандињо и Габриел Хесус.
Тотенхем беше уште поубедлив и победи со 1-7 на гости кај Хал сити. Хари Кејн беше стрелец на хет – трик на овој меч.
Ливерпул успеа да стигне до четвртото место, кое води во квалификациите за ЛШ, со победата од 3-0 над Мидлсборо. Вајналдум пред самиот крај на првиот дел донесе водство, а Кутињо и Лалана во второто полувреме ги разрешија дилемите.
Арсенал славеше со 3-1 против Евертон на „Емирати, иако играше со играч помалку речиси цел натпревар поради исклучувањето на Кошиелни. Но, „топчиите“ по цели 16 години нема да играат во Лигата на шампионите следната година.
Резултати Премиер лига последно коло:
Челси – Сандерленд 5-1, Арсенал – Евертон 3-1, Барнли – Вест Хем 1-2, Хал сити – Тотенхем 1-7, Лестер – Бурнемаут 1-1, Ливерпул – Мидлсборо 3-0, Манчестер ј. – Кристал Палас 2-0, Саутемптон – Стоук 0-1, Свонси – ВБА 2-1, Ватфорд – Манчестер сити 0-5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.