| четврток, 6 декември 2018 |

Седум деца на „старата дама“ ги освоија сите шест титули во низа во Серија А

juventus 1

Седум фудбалери на Јувентус се актери во сите шест сезони во кој „старата дама“ ги освои титулите првак на Италија. Нивното место е веќе во историјата, бидејќи претходно никому тоа не му пошло од рака.

Буфон, Кјелини, Бонучи, Барзаљи, Лихштајнер, Асамоах и Маркизио се фудбалерите кои пред шест сезони ја почнаа неверојатната серија на „бјанконерите“.

Во овие шест сезони, покрај скудетата, Јуве еднаш не претрпе пораз цела сезона (2011/12), а еднаш постави рекорд на поени во ерата на три бода за победа, 102 бода (2013/14).

Покрај шест титули, Јуве освои и три Купа на Италија и три Суперкупа на оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top