| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ја обезбеди втората титула сезонава, Пандев и Џенова изборија опстанок (видео)

juventus

Јувентус ја продолжува својата доминација во италијанскиот фудбал, па „старата дама“ попладнево и официјално ја прослави својата најнова шампионска титула, осигурана на едно коло пред крајот на сезоната. Триумфот од 3-0 над Кротоне беше рутина за избраниците на Масимилијано Алегри, кои апсолутно заслужено стигнаа до шестата шампионска титула во низа, воедно и трета двојна круна во серија откако пред само неколку дена го освоија и пехарот во Купот на Италија.

Алегри не тактизираше, па мечот го почна со најсилните единаесетмина, а Кротоне немаше никакви шанси да им парира на расположените домашни фудбалери. Марио Манџукиќ го постигна првиот гол на натпреварот, на 2-0 зголеми Дибала, додека конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Алекс Сандро.

Така, мечот од последното коло против Болоња ќе нема никакво значење за „старата дама“, па јасно е дека Алегри ќе ги одмара речиси сите првотимци во пресрет на големото финале од ЛШ против Реал Мадрид закажано за 3 јуни.\

Џенова на нашиот Горан Пандев успеа да забележи клучна победа на домашен против Торино (2-1) со која обезбеди опстанок во Серија А. Македонскиот напаѓач го започна натпреварот од клупата за резерви, но доби шанса во вториот дел во 60. минута.

Екипата на Иван Јуриќ ги искористи поразите на директните конкуренти за опстанокот, Кротоне и Емполи и обезбеди предност, кој им гарантира прволигашки статус и наредната сезона.

Головите за Џенова ги постигнаа Риџони во првиот дел, и Симеоне во вториот дел, на чие место влезе Пандев по еден час игра. Гостите стигнаа до утешен погодок кој беше во реализација на Љајиќ.

Милан на домашен терен ја победи Болоња (3-0) и го запечати шестото место на табелата, кое води во квалификациите за Лиата на Европа. Головите за „росонерите“, кои го скршија отпорот на гостите дур во вториот дел, ги постигнаа Хонда, Лападула и Делофеу.

Во останатите натпревари, Сасуоло победи во голеадата против Каљари (6-2), Емполи загуби на домашен терен од Аталанта (0-1), а Удинезе и Сампдорија го одиграа единственото ремо ова попладне (1-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top