| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри: Денеска мора да го фатиме бикот за рогови!

alegri

Италијанскиот првак Јувентус денеска (15 часот) може да ја освои новата шампионска титула во Серија А, доколку успее да го совлада Кротоне на домашен терен. Тренерот Масимилијано Алегри им порача на фудбалерите дека сега веќе мора да го направат решавачкиот исчекор. Рома се доближи на еден бод негатива, Наполи на два, па „старата дама“ би можела да си создаде големи проблеми доколку остави за трофејот да се решава во последното коло.

– Сакаме да го освоиме скудетото, и тоа во ова коло. Им реков на момците, ќе добијат неколку дена слободни, доколку го победиме Кротоне и ја освоиме титулата. Што се вели, ни здодеа да се гледаме постојано, па ќе ги пуштам малку да одморат, а потоа ќе одиме и по третиот трофеј, во Кардиф по Лигата на шампионите. Но, сега мораме да бидеме максимално фокусирани на Кротоне. Овој тим е во одлична форма, освои 17 бода во последните седум кола. Сега е денот кога бикот треба да го фатиме за рогови – изјави Масимилијано Алегри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top