Најупешната екипа во регуларниот дел до сезоната Голден стејт поведе со 3-0 во финалето на Западот против Сан Антонио, откако го совлада во третиот натпревар на гостински терен со 108-120. На „воините“ сега им треба само уште една победа за потврда на уште едно финале.
По првиот период „мамузите“ доминираа и поведоа со 33-29. Но, Голден стејт за три минути направи серија 12-0 и поведе со 49-61.
Кога на крајот од третиот период екипата на Стив Кер поведе со 80-98, јасно беше кој е победникот во мечот.
Кевин Дурант со 33 и Стеф Кари со 21 поен беа клучните кошаркари во победата на Голден Стејт. Клеј Томпсон постигна 17 поени, а МекГи крај своето име запиша16 поени.
Ману Џинобили постигна 21, а Ламарку Олдриџ реализираше 18 поени во таборот на Грег Попович. Четвртиот натпревар, кој може да биде и последен се игра во вторник во 3.00 часот наутро по средноевропско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)