| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Србија и Хрватска во паника од видео играта „Син кит“, која ги потикнува децата на самоповредување и самоубиство: Ја има ли во Македонија? (видео)

Српското Министерство за внатрешни работи апелира до граѓаните да ја алармираат полицијата ако наидат на видео играта „Син кит“ која кружи низ интернет во земјите на регионот и со која децата се повикуваат на самоповредување, па дури и на самоубиство, пишуваат српските медиуми. ­

-Иако Министерството за внатрешни работи на Србија нема забележано ниту еден случај поврзан со видео играта „Син кит“ која потекнува од Русија, ги повикуваме сите родители и наставници да разговараат со децата и да ги следат нивните активности на интернет, со цел да ги заштитат, се наведува во соопштенето на МВР.

Исто така, се апелира и до медиумите да посветат соодветно внимание на таквата појава со цел навремено да се спречат несаканите последици.

Играта „Син кит“ пред се, е насочена на младата популација.

Во период од 50 дена пред децата се поставуваат различни задачи, во почеток помалку опасни, како гледање хорор филмови, потоа самоповредување со врежување со нож на син кит на рацете, а сето тоа завршува со повик за самоубиство. Опасната видео игра е присутна во многу држави и поради неа наводно настрадале повеќе десетици малолетници.

Играта пристигна и во Хрватска. Опасната игра која ги поттикнува децата на самоубиство, а за која се пишува веќе со месеци по странските медиуми, стигна во Хрватска, пренесува порталот Index.hr.

Хрватското МВР за Index.hr потврди дека располагаат со сознанија за меѓународниот феномен за ширење на опасната онлајн игра која се користи под името Син кит (Blue Whale).

Им се јавиле на сите кои имаат конкретни сознанија за учесниците на оваа и слични игри, веднаш да се јават на полиција.

Од сите кои се вклучиле во играта и добиле вознемирувачки пораки да се повредат или пак примиле закани дека некој ќе им ги убие родителите, бараат да се сними екранот на мобилниот и веднаш да ги достават снимките на полицијата за да влезат во трага на тие кои ги издаваат тие наредби.

Во полиција уште наведуваат дека е важно младите да знаат дека за заштита можат да се јават на полициските службеници за млади, кои работат во секоја полициска институција и кои се посебно обучени за вршење на разговори со деца и млади.

„Ја користиме можноста да го свртиме вниманието на потребата на посебна тактичност во медиумските извештаи за овој нов појавен облик на загрозување на децата со учество во вакви игри. При изложеност на информации за различни нови трендови за кои дознаваат од медиумите и од социјалните мрежи, децата и младите се посебно ранливи поради немање животно искуство, својата љубопитност и подводливост и како такви можат некритички да се доведат до ризични ситуации, за што треба да се води сметка кај медиумското известување на јавноста” – предупредуваат од полицијата.

Ја има ли и во Македонија? Големи се шансите играта да стигне и во Македонија, но досега од Министерството за внатрешни работи не стигнално никакво предупредување.

 

извор: емагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top