Британскиот премиер Тереза Меј смета дека Брисел треба да и исплати на Велика Британија “милијарди фунти” за акциите на земјата во Европската инвестициска банка. Според Меј, Велика Британија има финансиски права, кои треба да се земат во предвид поради нерешените обврските за време на преговорите за Брегзит. ”
Многу се зборува за тоа, какви обврски треба да има Велика Британија, или за тоа, какви можат да бидат нашите права, имајќи ги предвид парите кои се платени во минатото. Ние јасно велиме дека ќе ги проценуваме и правата и обврските “, вели Меј пред британски медиуми.
Премиерот потсети дека Велика Британија учествува во неколку големи заеднички со ЕУ финансиски и инвестициски проекти. Поради тоа, земјата има право на удел во крајната “сметка”. “Има инвестициска банка, има инвестициски фонд, има и други области. Како што знаете, тоа ќе биде важен дел од преговорите”, вели Меј.
Според владини извори, уделот на Велика Британија во банката се проценува на околу 10 милијарди евра. Според медиумите, во процесот на Брегзит ЕУ може да побара од Велика Британија околу 100 милијарди евра за различни обврски, порано вложени од Лондон .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.