Премиерот на Франција Едуар Филип денеска се откажа од градоначалничката функција на Ле Авр, со цел да може целосно да се посвети на неговата нова функција како претседател на Владата, јавува дописникот на МИА од Париз.
– Јас ја препуштам „палката на друг“, бидејќи задачата за која ме задолжи претседателот бара да се посветам на неа со полно работно време, изјави шефот на француската Влада по околу едночасовниот состанок со помошниците на градоначалниците.
– Ова го правам без двоумење но со сериозна болка во срцето се откажувам од мојот мандат како градоначалник. Се откажувам од мојот мандат, но не и од мојот град, прво поради тоа што е мој град и мој рајски мир, нагласи Филип, додавајќи дека сепак ќе остане општински советник.
Запрашан како ја поминал неговата прва недела во хотелот „Матињон“ – седиштетот на претседателот на француската Влада, тој наведе дека неделата била „интензивна“.
Филип има намера да се врати во својот град во сабота на 27 мај, за да ги инаугурира свеченостите што ќе се одржат во текот на летото за прославата на 500-годишнината од градот и пристаништето, создадено во 1517 година од страна на кралот Франсоа 1.
Градоначалник од 2010, реизбран во првиот круг во 2014 година, Филип располагаше со големо мнозинство во градскиот совет, односно со 45 места од вкупно 59 советници.
Негов очекуван наследник е Лук Лемоние кој треба да биде избран од страна на Градскиот совет на крајот на следната недела.
Пратеник од 2012 година во седмата изборна единица на Сен-Маритим, која го вклучува центарот на градот на Ле Авр, Едвард Филип немал намера, пред да биде избран за премиер на Франција, да биде кандидат за пратеник за Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.