| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ му одржа лекција по модерен тенис на Доминик Тим

novak djokovic

Новак Ѓоковиќ конечно ги израдува своите фанови и заигра на посакуваното ниво. Светскиот рекет број два го „збриша“ Доминик Тием со 2-0 (6-1, 6-0) и обезбеди финале на Мастерсот во Рим.

По одличното издание во одложениеот меч против Дел Потро попладнево, српскиот тенисер ја пренесе играта и во вечерашното полуфнале и не му даде ни трошка надеж на противникот.

Доминацијата на Ѓоковиќ му донесе два брзи и убедливи сета, кои најавуваат дека следуваат подобри денови за него во продолжението од сезоната.

Во борбата за титулата, Ѓоковиќ ќе игра против Александер Зверев, кој претходно го совлада Џон Иснер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top