Рома го совлада Киево со 3-5 во ревија од голови на првиот меч од 37.коло во Серија А. „Волчицата“ сега има само еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус, кој утре го пречекува Кротоне во Торино. Рома го чува второто место кое води директно во ЛШ, а Наполи вечерва ја пречекува Фиорентина и во моментот доцни четири бода.
Киево двапати водеше во првиот дел, со головите на Кастро и на Енглезе, но Ел Шарави и Салах донесоа 2-2 за Рома на полувремето. Потоа тимот на Спалети заигра многу подобро, во вториот дел Ел Шарави и Салах постигнаа уште по еден гол, во листата на стрелците се запиша и Един Џеко, а Киево го постави конечниот резултат (3-5) преку Инглезе.
Со новите три бода Рома на едно коло до крајот се доближи на бод зад лидерот Јувентус кој утре со евентуална победа над Кротоне ќе ја слави титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)