Последните подготовки пред утрешното свечено отворање на новиот објект на Македонската филхармонија се при крај. Новиот објект со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди ќе биде отворен в недела во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист ќе настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески.
Концертот ќе биде под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбарани диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија. Ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“, Сергеј Прокофјев концерт за клавир и оркестар бр. 3 во Cdur, оп. 26 и од Петар Илич Чајковски симфонија бр. 5 во emoll оп. 64.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија