Александер Зверев е првиот финалист на Мастерсот во Рим по победата над Џон Иснер со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-1).
Германскиот тинејџер одигра искусно против повозрасниот противник и трипати му го одзеде сервисот во двата освоени сета. Во првиот победи со 6-4, додека во третиот со убедливи 6-1.
Вториот сет му припадна на Иснер, кој беше поуспешен во тај-брејкот со 7-5. Во финалето Зверев ќе го чека подобриот од вечерашниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Тим.
Ѓоковиќ по прекинот на мечот вчера поради дожд, утринава рутински дојде до вториот сет со 6-4 против Хуан Мартин Дел Потро и заслужено се пласираше во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.