| четврток, 6 декември 2018 |

Двојка од Скопје пронајдена на Галичица, не се сеќаваат како стигнале таму

 

Брачен пар од Скопје денеска е пронајден во конфузна состојба на врвот на планината Галичица.

Двојката не знаела како се нашла во планинско подрачје ниту се сеќавале што точно предходно им се случило.

Според информации од нивни блиски пријатели тие тргнале во Охрид со цел да купат автомобил на старо.

Единственото на што се сеќаваат е дека отишле во една од охридските кафеани каде што конзумирале пијалок по што го губат сеќавањето на сите настани се додека биле пронајдени зашеметени на Галичица.

СВР Охрид одбива да даде информации за случајот со скопската двојка која што според Охридската чаршија е дело на организирана група која на се уште неутврден начин  успеала од скопјаните да одземат поголема сума евра.

Охридската полиција најавува информации за случајот во текот на утрешниот ден откако ќе заврши првичната истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top