| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонија каква што ѝ прилега на европска метропола: Храм на музиката – гордост за скопјани (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го посети целосно завршениот објект на Македонската филхармонија кој е еден од најкапиталните проекти за Македонија, за Скопје како и за самите музичари и публиката. Проектот е во вредност од 37 милиони евра и Филхаронија е опремена со најсовремена акустика, звучна изолација, како и капацитет од 1000 седишта.
-Можат да кажам дека бев импресиониран од она што го видов но и од она што го чув од самите музичари, светски познатиот деригент кој што е дојден и веќе ги врши своите проби за утрешниот концерт како и од нашиот исто така светски познат Симон Трпчевски, а двајцата ме иформираа дека се работи за високо професионално направена сала за филхармонија пред се од стручен апспект, од аспект на звукот и акустиката. Се работи за целосно функционален објект во износ од 37 милиони евра, односно приближно на градбата на Македонскиот народен театар кој што беше 36 милиони евра и тоа се два капитални проекти кои ги започнавме во 2007-та а веќе од 2009-та започна градбата, вели Груевски.

Тој истакна дека овој објект ќе биде гордост за скопјани, но и за сите граѓани на Македонија.

-Компанијата која што го градеше завршила одлична работа и видов навистина насмевка и среќа кај музичарите кои што досега беа кираџии во други несоодветни објекти. Се надевам дека и утре вечер првите 1000 луѓе што ќе влезат ќе бидат среќни и задоволни и ќе биде еден од проектите со кој што ќе се гордеат нашите граѓани.

Груевски доби и плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top