Доминик Тим, еден од најнадежните тенисери на денешницата вчера уште еднаш докажа зошто подоброупатените љубители на тениската игра го споредуваат со легендарниот, Роџер Федерер.
23-годишниот Австриец, во рамките од четвртфиналето на Мастерсот во Рим во два сета го елиминира големиот Рафаел Надал и на еден начин му се реваншира на Шпанецот за поразот во финалето во Мадрид.
Неговиот сервис беше одличен, форхендот – непогрешлив, додека бекхендот – убиствен, а во продолжение можете да видете како вчера Тием го „уништи“ „кралот“ на земјената подлога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.