Историјата говори дека работниците никогаш нe живееле на такво ниво како во Југославија. Во сојузната балканска држава скоро никој не прашувал за националност, материјаниот статус на човекот ни од далеку не бил толку важен како што е сега, а луѓето многу повеќе биле ценети по своите карактерни особини.
Примерите кога работниците во своите фирми со макотрпна работа доаѓале до директорски позиции не биле реткост, а сите вработени без исклучок добивале надоместо за топол оброк.
Работното време во СФРЈ било од 7 до 15 часот во кое имало и пауза. За годишните одмори најчесто се одело во работничките одмаралишта што било организирано преку синдикатите. За летниот одмор можело и да се плаќа на рати преку целата година, а ретко кој не можел да си дозволи десетина дена на море за време на летните месеци.
Платите се исплаќале редовно, најчесто во кеш, а работниците моежле без проблем да користат неплатени отсуства, боледувања и сл.
Доколку се случел смртен случај, фирмата го покривала погребот на работникот, а најчесто веднаш се вработувал и еден член од смејеството на починаиот за фамилијата да не остане без приход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)