| четврток, 6 декември 2018 |

И по 15 години „како је добро видети те опет“ (ФОТО)

Девојките кои го остварија најголемиот успех во женскиот клупски ракомет, ракометарките на поранешниот европски ракометен шампион, Кометал Ѓорче Петров, се собраа првпат по 15 години од освојувањето на титулата.

Со пригодна програма, потсетување на настаните од 2002 година преку снимки и изјави, Скопје повторно пулсираше во ритамот на легендарната песна која беше заштитен знак на навивачите на Кометал: „Како е добро, видети те опет“.

Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ и Индира Кастратовиќ кои беа столбови на екипата и овој пат беа потпомогнати со Андријана Будимир, Милева Велкова, Анжела Платон, Наташа Тодоровска, Елена Златановска, додека специјално по овој повод дојдоа голманката Луминица Дину, незадржливата Лариса Кисељева и емотивната Ања Андрушенко. На прославата присуствуваа истакнати спортски функционери, почнувајќи од актуелното раководство на РФМ и претседателот Живко Мукаетов, како и водечките претставници на МОК, Васил Тупурковски и Владимир Богоевски.


Сите фотографии погледнете ги на Дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top