| четврток, 6 декември 2018 |

Диогарди побара промена на Уставот во насока на формирање бинационална држава (видео)

ustav promena

САД треба да бараат кодификација за етничка рамноправност меѓу Албанците и Македонците во Уставот, бидејќи сегашниот Устав (1991) содржи застарена постјугословенска одредба во која е поставен второкласен , дискриминаторски статус за Албанците во Македонија – смета  претседателот на Албанско-американската граѓанска лига, Џозеф Џ. Диогарди.

Тој во своето излагање на сослушувањето во Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Kонгресотпобара промена на Уставот во насока на формирање бинационална држава.

-САД мора да оди чекор понапред и да преземе многу поактивна улога во рамки на имплементација на правата кои произлегуват од Охридскиот договор. Мора да се направи таа промена на Уставот која ќе го одрази фактот дека има најмалку две најголеми етнички групи во државата кои имаат потреба од еднакви права, бидејќи нема ништо поважно од еднакви права – додава Диогарди, чии антимакедонски ставови и величањето на Албанија и албанството се веќе познати.

Тој секогаш ги претставува Словените како виновници за страдањата на Албанците на Балканот. Така беше и овој пат кога зборувајќи за инцидентите во Собранието на 27 април посочи дека тие што го тепале пратеникот Зијадин Села се претставници на словенската власт.

Тој никогаш не не ословува како Македонци. Па така и во ова последно обраќање не ословува со Словени или со Славомакедонци, а воедно го напаѓа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за словенски расизам.

diagardi

Актуелната политичка криза и економскиoт хаос во Македонија имаат големо негативно влијание врз секојдневниот живот на големото албанско население, кое веќе е предмет на екстремно високa невработеност, особено кај младите. Очигледно е дека економската дискриминација против Албанците се користи како институционализиран инструмент на етничко чистење на Албанците, истиот што покојниот српски диктатор и обвинет за воени злосторства Слободан Милошевиќ го користеше во Косово од 1989 година до 1999 година, се додека САД, предводени од НАТО, не ја бомбардираше Србија и не го доведе Милошевиќ пред лицето на правдата во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг. Милошевиќ беше обвинет за „злосторства против човештвото“ кои денеска се повтораат од отровниот словенски расизам и шовинизам под директивата на Никола Груевски – вели Џозеф Џ. Диогарди.

Ова се катастрофални позиции на претседателот на Албанско-американската граѓанска лига во однос на Македонија, македонскиот Устав и македонскиот народ. Тој смета дека во Македонија една третина се Македонци, а по една третина се Албанци и Бугари. Тие доаѓаат во период кога во земјава гласно се зборува за Тиранската платформа, која предизвика незадоволство кај голем број Македонци. Тиранската платформа се споменува како дел од договорот на Зоран Заев со албанските партии за да се направи потребната коалиција за формирање влада.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top