Младинската репрезентација на Македонија до 21 година ќе има тешка задача на своето прво историско учество на еден голем собир. На ЕП во Полска нашите репрезентативци во групата ќе играат против Шпанија, Португалија и Србија.
Шпанскиот селектор, Алберт Селадес го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат дел од тимот за континенталниот собир во јуни, а во него има ѕвезди како Белерин од Арсенал, Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Асенсио од Реал Мадрид.
Голмани: Кепа, Пау Лопез и Бланко
Одбрана: Белерин, Гаја, Ваљехо, Одризола, Мере, Грималдо, Јерај и Џони
Среден ред: Мерино, Ојаразабал, Љоренте, Нигез, Солер, Себалос, Суарез и Асенсио
Напад: Делофеу, Вилијамс, Мајорал и Сандро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.