| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Чолиќ се разведува – босанска наречница предвидува крај на бракот

zdravko

Здравко Чолиќ се разведува, тврди најпознатата босанска наречница Азира Муратовиќ! Сараевчанката, гледајќи во лажици, предвидува дека ќе пукне шеснаесетгодишниот брак на најголемата југословенска звезда со Александра Чолиќ, со која ги има ќерките Уна и Лара.

-Во текот на  понатамошниот живот ќе доживее неколку драматични промени во животот, и тоа поради судбината, на која тој засега има контрола. Тие промени ќе бидат нагли и неочекувани. Чолиќ засега во бракот е мирен и сигурен и тоа му дава сила, додека ова судбоносно не се случи. Тоа многу ќе го разниша – тврди Азира.

Таа тврди дека една жена ќе му прави проблеми и на работен и на приватен план.

Здравко ќе почне нешто приватно да работи, но нема да му иде добро. Една жена ќе му прави проблеми, па подобро ќе биде ништо и да не започнува – рекла Азира.

Наречницата превидува и влошување на  здравствената состојба на Здравко, па дури и болница. Поради тоа, таа му препорачува под итно да посети лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top