| четврток, 6 декември 2018 |

Кузнецова не успеа против моќната Серена

Серена Вилијамс успеа да ја победи Русинката Кузнецова Светлана, што значи дека таа оди во полуфиналето на Ролан Гарос

serena-williams-1024x798

Серена Вилијамс за прв пат годинава на Ролан Гарос успеа да изгуби сет. Светлана Кузнецова се прикажа во одлично светло во денешното четвртфинале против Американката, откако по лесно загубениот прв сет Русинката одговори со прекрасна игра, добивајќи го вториот сет со 6-3.

Кузнецова продолжи со одлична игра и на стартот од третиот сет, кога најпрвин поведе со 2-0, а потоа имаше и две брејк топки за водство од 3-0 што не ги искористи. Спасениот втор брејк во решавачкиот сет ја врати самодовербата кај Вилијамс, па прворангираната светска тенисерка најпрвин стигна до израмнување од 2-2, за потоа самата да оствари предност и да слави со конечни 6-1, 3-6, 6-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top