| четврток, 6 декември 2018 |

Цонга му зеде „мерка“ на Федерер

Жо Вилфрид Цонга ја израдува публиката на Ролан Гарос со елиминација на најтрофејниот тенисер на гранслем турнирите, Роже Федерер во три сета. Со 7-5, 6-3, 6-3 го исфрли од игра 17-кратниот шампион на најценетите светски турнири и ќе игра во полуфиналето против Давид Ферер. Шпанецот беше подобар од својот сонародник Томи Робредо, и го порази на уверлив начин со 6-2, 6-1, 6-1. И двајцата полуфиналисти досега немаат загубено ниту еден сет.

Роже Федерер се помалку наликува на асот што со години важеше за најдобар светски тенисер. Швајцарецот е без освоен трофеј во последните неколку месеци, а слабата форма ја потврди и со денешниот убедлив пораз од Жо Вилфред Цонга во четвртфиналето од Ролан Гарос. Швајцарскиот тенисер се најде во полесниот дел од „костурот“, избегнувајќи ги Надал и Ѓоковиќ се до финалето, но се е попусто кога тој не може да одигра во својот препознатлив ритам и да стигне до битка за трофејот.

Цонга знаеше како да го искористи тоа, одигра фантастичен меч и апсолутно заслужено стигна до убедлива победа.

Таму миленикот на домашната публика за противник ќе го има Давид Ферер, кој рутински ја одработе својата задача против Томи Робредо,препушѕајќи му само 4 игри. Робредо во последните три рунди правеше фантастичен пресврт, враќајќи се од негатива од 0-2 за на крајот да слави со 3-2 во сетови, но искусниот Шпанецот овојпат делуваше преморено и немаше никакви шанси да повтори сличен подвиг против расположениот Ферер.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Во женска конкуренција Серена Вилијамс продолжи да доминира на тениските терени, иако по долго време загуби сет. Светлана Кузнецова и беше достојна противничка, но сепак Американката оди во полуфиналето со победа од 6-1, 3-6, 6-3. Противничка за пласман во финалето ќе и биде Сара Ерани, која во два сета со 6-4, 7-6 ја елиминира Агњешка Радванска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top