Над езерото Ниос, кое се наоѓа во северозападен Камерун, на границата со Нигерија, на 21 август 1986 се појавил голем облак од јаглероден диоксид. Се спуштил во долината и го истиснал сиот кислород од неа. Како последица на задушување настрадале 1.746 луѓе и околу 3.000 животни. Иако звучи како сценарио од хорор-филм, оваа трагедија, сепак, се случила. Хидровулканска ерупција, која се случила пред 400 години, во езерото создала кратер во кој векови подоцна се натрупувале количества јаглероден диоксид.
Под површината не престанувала вулканската кативност, гас протекувал во подземните води од што се создале „газирани извори“, кои константно влијаеле во езерото, односно во просторот под неговото дно. Ефектот е ист како кога ќе протресете газиран пијалак во шише. Притисокот не се забележува сѐ додека шишето е затворено, па така е и во езерото – тежината на водата не дозволува јаглеродниот диоксид да се апсорбира во водата. Меѓутоа, кога ќе го отворите шишето, доаѓа до експлозија.
Во овој случај, клучно било силен дожд или земјотрес. Пред катастрофата со недели паѓале силни дождови, па проработиле неколку свлечишта. За среќа во светот постојат само три вакви езера, а во историјата се забележани само две вакви експлозии. И првата, исто така, се случила во Камерун, две години пред втората.
Сепак, на границата меѓу Конго и Руанда се наоѓа уште 1600 пати поголема закана од онаа во Камерун. Езерото Киву е најголемата темирана бомба на светот – под себе чува јаглероден диоксид 1000 пати повеќе од Ниос, доволно да убие 2 милиони луѓе. Науката сѐ уште нема решение за овој проблем. Се наоѓа на процепот Албертин, па е под силна вукланска активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)