Активистка на косовското радикално движење Самопоределување ја нападнала амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку, додека држела предавање на Унверзитетот во Денвер.
Читаку на својот профил на Фејсбук објави дека била нападната во присуство на поранешниот американски амбасадор во неколку земји во белканскиот регион Кристофер Хил, кој имаше посредничка улога во надминување на конфликтите на Балканот во 90-те години на минатиот век.
Според Читаку, за време на предавањето активистката на Самоопределување и поставила прашање за смртта на членот на оваа партија Астрит Дехари, кој лани во ноември почина во затвор во Призрен под неразјаснети околности, по што почнала да ја навредува и ја нападнала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации