Дојран доби природнонаучен музеј. Новиот музеј кој е посветен на живиот свет во езерото и дојранската котлина е првата подружница на Природнонаучниот музеј на Македонија која беше отворена по повод меѓународниот ден на музеите. Во новиот музеј на интересен начин се преставени преку стотина видови од животинскиот свет кој живее во езерото, но и растителниот свет, алгите и геолошката историја на самото езеро.
,, Музејот е замислен концепциски еден дел да биде изложбен и да биде како нашите музејски поставки во матичниот музеј во Скопје, а другиот дел е замислен како едукативен дел каде што посетителите ќе можат одблиску да се запознаат и со нашата работа како институција, а исто така и да научат нешто повеќе.,, вели д-р Весна Сидоровска – кустос советник во Природнонаучен музеј на Македонија
Музејот на живиот свет во Дојран беше реализиран како заеднички проект на Природнонаучниот музеј на Македонија, канцеларијата на регионалниот центар за животна средина и општина Дојран.
,, Подружницата ја нарековме претставување на живиот свет во Дојранското езеро и котлина и е формирана во рамки на проектот за изградба на локални капацитети на општината Дојран за заштита и долгорочно управување со Дојранско езеро. Проектот траеше три ипол години и беше спонзориран од страна на фондот за партнерства за критични екосистеми.,, вели Катерина Георгиевска – директор на канцеларијата на РЕЦ во Македонија
Отварањето на подружницата на Природнонаучниот музеј на Македонија во Дојран од една страна ќе значи збогатување на туристичката понуда во градот, а од друга истата треба да придонесе за едукација и подигање на јавната свест заекологијата, живиот свет и неговата зависност од квалитетот на водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)