Ефтим Богоев сигурно, а Мирнес Исламовиќ веројатно, ќе бидат дел од екипата на МЗТ Скопје, а колку ќе се задржат во нашиот единствен претставник во Јадранската лига, ќе зависи од самите нив. Македонскиот бек кој има и репрезентативно, и искуство од играње надвор од земјава, треба да биде трета плејмејкерска алтернатива, по Оташевиќ и Огнен Стојановски, и намерата на Пипан е со Богоев да ја зголеми конкуренцијата, но тој и најконкретно да помогне во следните натпревари. Поранешниот член на Струмица, Фени, Амак и Работнички ги заврши формалностите и ќе биде дел од тимот за гостувањето в недела во Белград кај Црвена Ѕвезда.
Босанскиот центар Исламовиќ е сосема непознат во земјава и досега настапуваше за Брчко во втората лига на БиХ. Со него се уште нема договор и тој треба пред се, да се наметне кај словенечкиот тренер бидејќи МЗТ Скопје има четири сосема квалитетни центри во Гечевски, Чековски, Николиќ и Николовски. Судбината на Исламовиќ во Аеродром ќе биде позната деновиве кога Пипан ќе се изјасни дали сака да го задржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


