| четврток, 6 декември 2018 |

Грците ќе ги подготвува поранешниот македонски кондиционен тренер

trener

Кондицискиот тренер Сандро Бенкардино, кој благодарејќи на Врбица Стефанов ја подготвуваше нашата кошаркарска селекција за ЕП во Литванија одржано во 2011 година и кој имаше голем удел за освојувањето на четвртото место, за континенталниот собир во Словенија ќе им помага на Грците.

Како што објавија италијанските медиуми, тој заминува од Виртус Болоња и се сели во Уникс Казан, но истовремено ќе биде кондиционен тренер на селекцијата на Грција. Андреа Тринкиери е тренер на Уникс, но воедно и селектор на нашиот јужен сосед чија покана за соработка Бенкардино ја прифатил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top