| четврток, 6 декември 2018 |

Миленикот на Македонките, Вугринец, се враќа во Македонија

vugrinec

Познатиот ракометар Ренато Вугринец, заедно со неговата партнерка Сања Обрадовиќ, ќе отвара бизнис во Македонија. За почеток тоа е ракометна школа, но понатаму во план е и друг бизнис за кој Ренато сè уште не сака да зборува. Тој моментално е во Белград, каде што со партнерката Сања Обрадовиќ, поранешната сопруга на кошаркарот Петар Наумовски, го држат хостелот „Стела ди ноте“, објави „Вест“.

-Последнава година бев во Израел. Сега веќе заврши сезоната и сум во Белград, отворив спортски хостел, имам многу гости од Македонија. Дали повторно ќе се вратам во Изрел сè уште не знам. Можно е да се вратам уште една сезона и таму да ја завршам мојата ракометарска кариера, таму да се збогувам со професионалниот спорт, но ако тоа не се случи ќе се преселам во Скопје. Јас сум натурализиран Македонец, па заради традиција и патриотизам сакам мојот бизнис да го вложам во Скопје. Освен тоа иако долго време не сум во Македонија, многу деца ми пишуваат и сакаат да се вратам. Тоа ми даде идеја во Скопје да отворам ракометна школа. Имам планови и за друг бизнис, но за тоа уште е рано да се зборува – вели Вугринец.

renato_i_sanjaa

Прогнозираа краток век, но Ренато и Сања сè уште се во врска.

-Уште сме заедно и ќе бидеме. Ние сме модерен пар и нашата љубов трае и ќе трае. И на двајцата бракот не ни е важен и потписот ништо не ни значи. Хартијата не е важна кога е во прашање љубовта  – вели Ренато.

Ренато и Сања летово планираат семејно да заминат на одмор со, како што велат, сите нивни шест деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top