Пејачката Кејти Пери го примовираше спотот за песната „Bon appetit”, кој крена голема прашина, бидејќи дел од јавноста оцени дека со него таа поттикнува канибализам.
Дали овој спот ќе биде забранет за емитување, останува да се види наредните денови.
Пери сними спот во кој готвачи ја месат, варат и готват во врела вода, а потоа ја сервираат како главно јадење.
Иако идејата е екстравагантна, таа не наиде на одобрување од јавноста, па дури и нејзините фанови велат дека ги надминала границите на добриот вкус.
– Во спотот сум врела и подготвена за сервирање. Но, внимание! И натаму не сум обично парче месо, изјави пејачката, која дополнително објасни дека со песната сакала да порача дека некои мажи и натаму жените ги доживуваат само како „месо”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)