| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн пресилен за Бостон, Кливленд направи брејк во финалето на истокот (видео)

klivlend

Актуелниот шампион Кливленд поведе со 1-0 во серијата против Бостон во финалето на Истокот. Леброн и другарите славеа со 104-117 и направија брејк уште на почетокот од серијата.

Кливленд одлично започна и веќе по првата четвртина имаше 19-30. Кевин Лав му се приклучи на Леброн Џејмс и на полувреме гостите заминаа со 39-61. Со овој одличен почеток гостите рутински го приведоа мечот кон крај до финална победа од +13.

Леброн Џејмс со 38 поени беше најдобар поединец на натпреварот, Кевин Лав блесна со „дабл-дабл“ ефект од 32 поени и 12 скока, Тристан Томпсон натпреварот го заврши со 20 поени.

Бредли и Краудер со по 21 поен и Ајзеа Тома, кој запиша 17 поени беа најпозитивни кај домашната екипа. В сабота од 2.30 часот по полноќ по средноевропско време се игра вториот натпревар, а домаќин повторно е Бостон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top