Фудбалерот на Бешикташ, Душко Тошиќ и пејачката Јелена Карлеуша решија да ги послушаат молбите на фановите и да не водат љубов во наредните три клучни недели.
Шеговитиот твит кој го доби од Турција, Јелена пред два дена го сподели со фановите, а таа вест беше една од најчитаните во Турција.
-Јелена, те молам без секс со Тошиќ во наредните три недели!Бешикташ мора да биде прв. После три недели спиј со него секој ден- гласеше твитот.
-Што да кажам на тоа!Не сум паметен- изјавил Душко и додал:
-Не сакам да го коментирам својот приватен живот, а и не е момент да зборувам за тоа додека се бориме за титула. Мене тоа ми е симпатично и смешно, но ајде да ги смирам навивачите. Јелена не е кај мене, во Белград е и заздравува од операцијата!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко Тошиќ по враќањето од Мундијалот донесе специјален подарок само за една личност (галерија)