| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е девојката за која е напишана „Shape of you“ (Видео)

Девојката која Ед Ширан ја опишува во популарниот хит „Shape of you“ е неговата девојка Чери Сиборн. Двојката се запознале уште во средно училише, а се забавуваат во последните две години.

Чери после матурата ја напушти родната Англија и замина во Америка на студии. Но, во текот на американската турнеја на Ед, повторно се поврзаа и така се почнало. Љубовта цвета, а двојката има големи заеднички планови.

– Еден ден сето ова ќе помине, а единствена личност за која сум сигурен дека ќе биде тука е Чери, призна за Ед Ролинг Стоун.

Ед во неколку наврати откри дека албумот „Divede“ го посветил токму на неа и дека таа е неговата најголема инспирација. А тексот на песната „Shape of You“ го напишал пејачот, па сите мислат дека стиховите се посветени на Чери, што тој не дематнираше.

Иако песната требало да ја пее некој друг изведувач, сепак Ед ја сними и постигна полн погодок. И светски хит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top