| четврток, 6 декември 2018 |

Јаковлевски: Љубчо, Љубе и Стојанче се политичари на дугме, каде беа да ја осудат Тиранската платформа

mane-jakovlevski-int216-2

Ветеранот Маноил Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, во името на десетици и стоитици луѓе затворни за идеите на ВМРО и на сите кои својот живот го посветиле на големата идеја ги коментира изјавите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов.

Овие луѓе покажаа дека се политичари на дугме. Секогаш кога тоа му е потребно на сценаристот, и кога ќе се процени дека тоа им е потребно на инструментот СДС тие се појавуваат. Приметете, тројката политичари на дугме, никаде ги немаше кога се создаваше Тиранската платформа, не кажаа ниту збор за обидите за промена на знамето, грбот, химната, кога се обидуваа да воведат двојазичност, да не прогласат како род и држава за геноцидни. Никаде ги немаше да ја заштитат Македонија, а еве ги сега да расправаат за ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето имаат обврски кон некого, и еве сега е времето кога ќе пробаат да ги завршат, и воопшто не сум зачуден туку само изненаден што чекаа толку. Сепак, и покрај нивното подаништво и сервилност, тие не се вистинскиот противник на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што одамна тие не се ВМРО, и по својот однос, и начин на дејствување. Тие се само политичари на дугме, испостава, која е гласна, но безопасна. Тоа нема да помине, пишува Јаковлески.

Тој вели дека Македонија е мала земја.

Сите се знаеме, добро ја знаеме и оваа бизнис тројка која е во прегратка на СДС и сценаристот. Можам да кажам, времето ве прегази. ВМРО е голема партија, и многу повеќе од тоа. Тоа е животна емоција, и единствениот вистински браник на државните и национални интереси. ВМРО ќе победи, додава Јаковлески.

0-02-05-75e438cdbf81955c4275642e2250b98925f4c0f7206376731528a78dd290d9e6_full

0-02-05-2249978113b7d0c2094e096dbf6769223cec0caf50b3547ee68659e83285c4b3_full

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top