Одбројувањето до Најголемата журка на Балканот, со една од најголемите музички ѕвезди од соседството – Аца Лукас може да почне!
Kонцертот на Лукас, закажан во сабота во ВИП Арена “Борис Трајковски”, е во склоп на неговата голема турнеја во чии рамки гостува во речиси сите поголеми градови во регионот.
“Браќа Македонци бев многу болен, но сега сум здрав и спремен за концерт. Сите кои досега сте биле на моите концерти знаете што може да очекувате од мене, знаете каква е атмосферата, дека секогаш сме спремни за добра журка, добра свирка, па ве чекаме во сабота на 20 мај во “Борис Трајковски” на луда журка. Ќе има гости, ќе има изненадувања, ќе има се…”, вели Лукас во својата видеопорака.
Колку за потсетување билетите во претпродажба, по специјална цена, ќе се продаваат се до 19 мај, а чинат 350 денари за партерот, 400 и 500 денари за трибините и 500 денари за фан питот. Истите може да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе и онлајн, а веќе по 19 мај цената на влезниците ќе биде коригирана, а, исто така, нема да има ниту ВИП пакети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)