Адвокатот Мирослав Вуиќ ќе биде претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, пренесува „нова тв“.
Вуиќ е познат и по тоа што беше адвокат на Велија Рамковски во случајот„Пајажина“, случај во кој беше казнет со 1000 евра и исфрлен со обезбедување од судница. Рамковски го отпушти од одбраната, па потоа повторно го бараше, што судот го оцени како начин за „купување време“.
Вуиќ беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар на локалните избори во 2009 година кога загуби од кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.
Најавите во СДСМ се дека ќе има промени и во челната позиција на Центарот за комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо


