Адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски, вечерва во изјава за а1.он тврди дека е недозволиво судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, да не ја извести дека за него се бара мерка притвор. Тој вели дека Мијалков би понудил патна исправа или гаранција.
-Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања, вели Апостолски.
Тој најави дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор на поранешниот шеф на УБК.
Сашо Мијалков редовно се јавуваше на рочиштата во судот за случајот „Таргет-Тврдина“ поради кој е и приведен вечерва. Од друга страна, се поставува прашањето дали со неговото приведување не се доведува во опасност животот на Сашо Мијалков поради тоа што како шеф на УБК имал многу успешни операции кои се однесувале на безбедноста на државата и голем дел од тие лица на кои се однесувале тие акции се токму дел од притворските одделенија.
„Република“ се обиде да добие одговор на овие прашања од адвокатот Петар Василев, кој исто така го застапува Мијалков, но тој рече дека во текот на утрешниот ден ќе даде изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.